Search This Blog

Wednesday, 19 December 2018

Algodoo

                                                             Што е Algodoo?                           

Algodoo е програм која може да се пронајде на интернет и која може да ни помогне да учиме физика. Тој софтвер е дизајниран за да биде забавен и е наменет за дизајнирање на разни игри, правење на различни сцени и инвенции и за продлабочување и откривање на знаењата во физика. Софтверот ја поттикнува креативноста на децата, и мотивацијата кај децата да учат физика и да им биде забавно и дома и на училиште, притоа соработувајќи едни со други.  Со Algodoo може да се цртаат разни кругови, полигони, четки, јажиња и синџири. Освен тоа се манипулира со нив и со влечење и со тресење. Се прават и промени со објектите со ротирање, влечење, сечење и ротирање. Корисникот доколку сака, може да анализира и визуализира. Може да се прикажат графикони и да се визуализираат сили, брзини и моментум. Со софтверот може да се направат и споделуваат разни сцени. Софтверот може да го користат и наставници како и деца и родители.

                                                     Учење на основите на Algadoo
За да се работи во Algadoo потребно е да се инсталира софтверот најпрво.
За да работиме во програмата кликаме Download
Кликаме на Download for Windows
Кликаме на Run
Кликаме на Next
Доколку сакате да ви биде поразбирлив јазикот и полесно за работење можете да го смените на Хрватски
После менување на јазикот можеме лесно да преминеме на спознавање на другите функции



                                           

Научете го Algadoo-превод од англиски на македонски

Сесија 1

Можеме да одиме на туториалите  со кликање на прашалникот
Преку Crash Course може да се помине преку основните каракеристики
Со туториалот Tools можеме да ги научиме алатките
Со туториалот Sketch tool може да ги научиме другите алатки на софверот
Сесија 2

Тука се туториалите за лебдење и тонење на објектите со вода и густина, за лизгање на објекти каде се учи силата, брзината и триењето и туториалот за виножито каде можеме да учиме за оптика
Сесија 3


1.На почетокот одиме на брзо патување каде ни се покажуваат основите на часот
2.Направи профил употребувајќи го емаилот 
3.Барај и пронајди часови


Тука се бараат јазици со селектирање на Language. Се прилагодуваме и селектираме преку Target group (групна цел), Lesson Category (категорија на часот) and Teaching discipline (наставна дисциплина)
4.Oтвори и следи час (кликни на NEW LESSON)
Пример



Отвори и чувај го твојот прв час. Забележи дека сите часови се поделени во три секции
-Основна табела за часот
-Приврзани сцени за спуштање и вчитување
-Чекор по чекор дескрипција за како да се направи Algadoo

Отвори барање за специфичниот час. Отвори час од листата.
Прочитај ја секако информацијата за часот
Отвори ја приврзаната сцена или следи го чекор по чекор упатството
Рефлектирај се на досега направеното
5.

1.Прво отвори сцена што сакаш да ја додадеш во библиотеката
2.Кликни го копчето  за нов час
3.Влези во основната информација што сакаш часот да ја има
4.Залепи сцена
5.Додади упатство за часот
6.Сними го часот како недовршен. Ти можеш да го завршиш тоа подоцна 
7. Подоцна можеш да го отвориш дотогаш снименото и да довршиш.

Честитки!



Активност на час
Танграми
Време: 30-60 минути



Со самото тоа што го користиме ножот го користиме и линеарот

Домашна работа
Вашата обврска е да експериментирате и да осознавате се повеќе за Algadoo, а најпрво, се разбира, да се забавувате. Тоа ќе може да го направите преку играње на игри на софтверот.























                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                   

Thursday, 13 December 2018

PowerPoint2

Работа на час
На овој час работевме мерење на агли на светлосни зраци во Powerpoint прикачувајќи им разни ефекти и анимации.

Thursday, 29 November 2018

PowerPoint1

                       Поврзување преку PowerPoint

   На ова предавање се научивме да поврзуваме слајдови еден со друг и да поврзуваме интернет страници со PowerPoint.
                                    Домашна
   За домашна ни беше зададено да направиме линкови за поврзување, меѓу слајдови, како и со интернет во PowerPoint. Заедно со линковите, во слајдовите ни беше предложено и да направиме некоја анимација, со цел да биде поинтересно.

Thursday, 22 November 2018

Анимирање во PowerPoint

Работа на час
   На овој час работевме во PowerPoint. Преку предавањето научивме разни техники кои можеме да ги примениме за да направиме една интересна анимација.
                                 Домашна
   За домашна ни беше дадено да направиме анимација со користење на ефекти кои сме ги научиле на тој час. Јас, во PowerPoint направив анимација на осцилатор и пад на капка.

Thursday, 15 November 2018

Excel

Опис
 На овој час работевме во Excel и пресметувавме зависности на вредности меѓу себе преку формулата, кои потоа ги претставивме графички, преку x и y оска. Јас, конкректно ја претставив преку формулата на Ајнштајн за енергија и маса, потоа заменувајќи ги вредностите за масата.
                                    Домашна задача
     За домашна задача ни беше дадено да претставиме уште еден ваков пример. Јас лично ја употребив основната формула за потенцијална енергија, притоа заменувајќи ги висината и масата, со цел да ја пронајдам енергијата. Направив еден графикон споредувајќи ги енергијата и масата, а друг споредувајќи ги висината и енергијата. Сето ова беше изработено во Excel.

Sunday, 11 November 2018

myPhysicsLab

Прегледноста и предностите на користење на myPhysicsLab
Една од предностите е можноста на експериментирање и прегледноста на експериментите коишто се направени. Друга предност се формулите коишто се дадени во симулацијата и со кои можеме полесно да ја извршиме саканата пресметка. Трета предност е графикот кој е тука.

Од оваа страница, одбрав две симулации кои според мене се поинтересни, подетални и поголеми од останатите.
1.
Една од симулациите која ја одбрав е Double Spring или симулација на двојна пружина.

Во оваа симулација се дадени две пружини коишто се споени со ѕид, кој ја претставувa y оската. Со промена на вредностите можеме да експериментираме со:
-нивната маса ( mass-1 и mass-2 )
-нивната амортизација ( damping )
-должината на пружините ( spring length )
-еластичност на пружините ( spring stiffness )
-менување на временскиот чекор ( time step )
-временската стапка ( time rate )
-позадината ( background )
-методот на решавачот на диференцијални равенки, заменувајќи ги рунгe-кутовиот ( Runge-Kutta ) и еулеровиот метод ( Eulers method). Останатите методи се само опции и изведби од овие два оригинални методи

Освен тоа можеме:
-да додадеме уште една пружина ( со кликање на квадратот до "third spring" )
-да направиме да се гледа енергијата ( со кликање на квадратот до "show energy" )
-да измериме за колку време се одвива одредено движење ( со кликање на квадратот до
"show clock" )
-да го промениме начинот на којшто ја гледаме симулацијата ( со кликање на квадратот до
"pan-zoom" )

Доколку поради одредени причини сакаме да ја вратиме симулацијата во рамнотежна состојба, потребно е да кликнеме на



Преку равенките за движење во физиката, вклучувајќи ја и равенката на Исак Њутн, можеме лесно да ја пресметаме силата, масата и растојанието.


Освен тоа, можеме да пресметаме и брзина.



-Можеме да видиме и обичен график, временски график и мулти график, за подоброо мерење.
2.
Другата симулација е "Single Spring" или симулација на единечна пружина

Во оваа симулација е дадена една еластична пружина која е закачена за ѕид или y оска. Со промена на вредностите можеме да експериментираме:
-нејзината маса ( mass)
-со нејзината амортизација ( damping )
-со нејзината еластичност ( spring stiffness )
-со нејзината должина ( spring length )
-со нејзината почетна точка ( fixed point )
-временската стапка ( time rate )
-позадината ( background )
-позадината ( background )
-методот на решавачот на диференцијални равенки, заменувајќи ги рунгe-кутовиот ( Runge-Kutta ) и еулеровиот метод ( Eulers method). Останатите методи се само опции и изведби од овие два оригинални методи

Освен тоа можеме:

-да направиме да се гледа енергијата ( со кликање на квадратот до "show energy" )
-да измериме за колку време се одвива одредено движење ( со кликање на квадратот до
"show clock" )
-да го промениме начинот на којшто ја гледаме симулацијата ( со кликање на квадратот до
"pan-zoom" )

Можеме да ги одговориме следните загатки:
-Која е врската помеѓу забрзување и помесувањето?
-Како масата или вкочанетоста на пружината влијае врз односот на забрзувањето и поместувањето?
-Како масата илии вкочанетоста на пружината влијае врз периодот или фреквенцијата од осцилацијата?

Одговори:
1. Тоа е линеарна врска дадена со равенката:
каде x= позицијата, x"= забрзувањето, m= масата и k= вкочанетоста на пружината
2. Од горенаведената задача знаеме дека е линерна врска, што значи дека масата и вкочанетоста на пружината влијае врз наклонот на оваа линија.
*Со зголемување на масата оваа линија е се помалку стрмна
*Со зголемување на вкочанетоста линија е се пострмна
3. Со формулата за преместување на поместувањето 
и за фреквенцијата 
може лесно да се дознае дека:
-со зголемување на масата за 4 пати го зголемува периодот два пати и ја преполовува фреквенцијата;
-со зголемување на вкочанетоста на пружината за 4 пати, се преполовува периодот и двојно се зголемува фреквенцијата

За поголема прегледност можат да се искористат и графиците, меѓу кои се:
-обичниот графикон
-временскиот графикон
-мулти графиконот

Algodoo

                                                             Што е Algodoo?                            Algodoo е програм која може да с...