Algodoo е програм која може да се пронајде на интернет и која може да ни помогне да учиме физика. Тој софтвер е дизајниран за да биде забавен и е наменет за дизајнирање на разни игри, правење на различни сцени и инвенции и за продлабочување и откривање на знаењата во физика. Софтверот ја поттикнува креативноста на децата, и мотивацијата кај децата да учат физика и да им биде забавно и дома и на училиште, притоа соработувајќи едни со други. Со Algodoo може да се цртаат разни кругови, полигони, четки, јажиња и синџири. Освен тоа се манипулира со нив и со влечење и со тресење. Се прават и промени со објектите со ротирање, влечење, сечење и ротирање. Корисникот доколку сака, може да анализира и визуализира. Може да се прикажат графикони и да се визуализираат сили, брзини и моментум. Со софтверот може да се направат и споделуваат разни сцени. Софтверот може да го користат и наставници како и деца и родители.
За да се работи во Algadoo потребно е да се инсталира софтверот најпрво.
Кликаме на Download for Windows
Кликаме на Run
Кликаме на Next
Доколку сакате да ви биде поразбирлив јазикот и полесно за работење можете да го смените на Хрватски
После менување на јазикот можеме лесно да преминеме на спознавање на другите функции
Научете го Algadoo-превод од англиски на македонски
Можеме да одиме на туториалите со кликање на прашалникот
Преку Crash Course може да се помине преку основните каракеристики
Со туториалот Tools можеме да ги научиме алатките
Со туториалот Sketch tool може да ги научиме другите алатки на софверот
Сесија 2
Тука се туториалите за лебдење и тонење на објектите со вода и густина, за лизгање на објекти каде се учи силата, брзината и триењето и туториалот за виножито каде можеме да учиме за оптика
Сесија 3
1.На почетокот одиме на брзо патување каде ни се покажуваат основите на часот
2.Направи профил употребувајќи го емаилот
3.Барај и пронајди часови
Тука се бараат јазици со селектирање на Language. Се прилагодуваме и селектираме преку Target group (групна цел), Lesson Category (категорија на часот) and Teaching discipline (наставна дисциплина)
4.Oтвори и следи час (кликни на NEW LESSON)
Пример
Отвори и чувај го твојот прв час. Забележи дека сите часови се поделени во три секции
-Основна табела за часот
-Приврзани сцени за спуштање и вчитување
-Чекор по чекор дескрипција за како да се направи Algadoo
Отвори барање за специфичниот час. Отвори час од листата.
Прочитај ја секако информацијата за часот
Отвори ја приврзаната сцена или следи го чекор по чекор упатството
Рефлектирај се на досега направеното
5.
1.Прво отвори сцена што сакаш да ја додадеш во библиотеката
2.Кликни го копчето за нов час
3.Влези во основната информација што сакаш часот да ја има
4.Залепи сцена
5.Додади упатство за часот
6.Сними го часот како недовршен. Ти можеш да го завршиш тоа подоцна
7. Подоцна можеш да го отвориш дотогаш снименото и да довршиш.
Честитки!
Активност на час
Танграми
Време: 30-60 минути
Со самото тоа што го користиме ножот го користиме и линеарот
Домашна работа
Вашата обврска е да експериментирате и да осознавате се повеќе за Algadoo, а најпрво, се разбира, да се забавувате. Тоа ќе може да го направите преку играње на игри на софтверот.
No comments:
Post a Comment
Note: only a member of this blog may post a comment.