Search This Blog

Thursday, 29 November 2018

PowerPoint1

                       Поврзување преку PowerPoint

   На ова предавање се научивме да поврзуваме слајдови еден со друг и да поврзуваме интернет страници со PowerPoint.
                                    Домашна
   За домашна ни беше зададено да направиме линкови за поврзување, меѓу слајдови, како и со интернет во PowerPoint. Заедно со линковите, во слајдовите ни беше предложено и да направиме некоја анимација, со цел да биде поинтересно.

Thursday, 22 November 2018

Анимирање во PowerPoint

Работа на час
   На овој час работевме во PowerPoint. Преку предавањето научивме разни техники кои можеме да ги примениме за да направиме една интересна анимација.
                                 Домашна
   За домашна ни беше дадено да направиме анимација со користење на ефекти кои сме ги научиле на тој час. Јас, во PowerPoint направив анимација на осцилатор и пад на капка.

Thursday, 15 November 2018

Excel

Опис
 На овој час работевме во Excel и пресметувавме зависности на вредности меѓу себе преку формулата, кои потоа ги претставивме графички, преку x и y оска. Јас, конкректно ја претставив преку формулата на Ајнштајн за енергија и маса, потоа заменувајќи ги вредностите за масата.
                                    Домашна задача
     За домашна задача ни беше дадено да претставиме уште еден ваков пример. Јас лично ја употребив основната формула за потенцијална енергија, притоа заменувајќи ги висината и масата, со цел да ја пронајдам енергијата. Направив еден графикон споредувајќи ги енергијата и масата, а друг споредувајќи ги висината и енергијата. Сето ова беше изработено во Excel.

Sunday, 11 November 2018

myPhysicsLab

Прегледноста и предностите на користење на myPhysicsLab
Една од предностите е можноста на експериментирање и прегледноста на експериментите коишто се направени. Друга предност се формулите коишто се дадени во симулацијата и со кои можеме полесно да ја извршиме саканата пресметка. Трета предност е графикот кој е тука.

Од оваа страница, одбрав две симулации кои според мене се поинтересни, подетални и поголеми од останатите.
1.
Една од симулациите која ја одбрав е Double Spring или симулација на двојна пружина.

Во оваа симулација се дадени две пружини коишто се споени со ѕид, кој ја претставувa y оската. Со промена на вредностите можеме да експериментираме со:
-нивната маса ( mass-1 и mass-2 )
-нивната амортизација ( damping )
-должината на пружините ( spring length )
-еластичност на пружините ( spring stiffness )
-менување на временскиот чекор ( time step )
-временската стапка ( time rate )
-позадината ( background )
-методот на решавачот на диференцијални равенки, заменувајќи ги рунгe-кутовиот ( Runge-Kutta ) и еулеровиот метод ( Eulers method). Останатите методи се само опции и изведби од овие два оригинални методи

Освен тоа можеме:
-да додадеме уште една пружина ( со кликање на квадратот до "third spring" )
-да направиме да се гледа енергијата ( со кликање на квадратот до "show energy" )
-да измериме за колку време се одвива одредено движење ( со кликање на квадратот до
"show clock" )
-да го промениме начинот на којшто ја гледаме симулацијата ( со кликање на квадратот до
"pan-zoom" )

Доколку поради одредени причини сакаме да ја вратиме симулацијата во рамнотежна состојба, потребно е да кликнеме на



Преку равенките за движење во физиката, вклучувајќи ја и равенката на Исак Њутн, можеме лесно да ја пресметаме силата, масата и растојанието.


Освен тоа, можеме да пресметаме и брзина.



-Можеме да видиме и обичен график, временски график и мулти график, за подоброо мерење.
2.
Другата симулација е "Single Spring" или симулација на единечна пружина

Во оваа симулација е дадена една еластична пружина која е закачена за ѕид или y оска. Со промена на вредностите можеме да експериментираме:
-нејзината маса ( mass)
-со нејзината амортизација ( damping )
-со нејзината еластичност ( spring stiffness )
-со нејзината должина ( spring length )
-со нејзината почетна точка ( fixed point )
-временската стапка ( time rate )
-позадината ( background )
-позадината ( background )
-методот на решавачот на диференцијални равенки, заменувајќи ги рунгe-кутовиот ( Runge-Kutta ) и еулеровиот метод ( Eulers method). Останатите методи се само опции и изведби од овие два оригинални методи

Освен тоа можеме:

-да направиме да се гледа енергијата ( со кликање на квадратот до "show energy" )
-да измериме за колку време се одвива одредено движење ( со кликање на квадратот до
"show clock" )
-да го промениме начинот на којшто ја гледаме симулацијата ( со кликање на квадратот до
"pan-zoom" )

Можеме да ги одговориме следните загатки:
-Која е врската помеѓу забрзување и помесувањето?
-Како масата или вкочанетоста на пружината влијае врз односот на забрзувањето и поместувањето?
-Како масата илии вкочанетоста на пружината влијае врз периодот или фреквенцијата од осцилацијата?

Одговори:
1. Тоа е линеарна врска дадена со равенката:
каде x= позицијата, x"= забрзувањето, m= масата и k= вкочанетоста на пружината
2. Од горенаведената задача знаеме дека е линерна врска, што значи дека масата и вкочанетоста на пружината влијае врз наклонот на оваа линија.
*Со зголемување на масата оваа линија е се помалку стрмна
*Со зголемување на вкочанетоста линија е се пострмна
3. Со формулата за преместување на поместувањето 
и за фреквенцијата 
може лесно да се дознае дека:
-со зголемување на масата за 4 пати го зголемува периодот два пати и ја преполовува фреквенцијата;
-со зголемување на вкочанетоста на пружината за 4 пати, се преполовува периодот и двојно се зголемува фреквенцијата

За поголема прегледност можат да се искористат и графиците, меѓу кои се:
-обичниот графикон
-временскиот графикон
-мулти графиконот

Algodoo

                                                             Што е Algodoo?                            Algodoo е програм која може да с...